Вести Свет Топ вести

Собрале докази за предавство – воената хунта во Нигер ќе му суди на соборениот претседател Базум

Воената хунта на Нигер соопшти дека ќе му суди на соборениот претседател Мохамед Базум за „предавство“ и поткопување на националната безбедност, само неколку часа откако објави дека се отворени за разговори со претставници на Економската организација на земјите од Западна Африка- ЕКОВАС.

Портпаролот на воената хунта Амаду Абдрамане синоќа на државната телевизија изјави дека војската „ги собрала потребните докази за да го гони соборениот претседател, како и неговите домашни и странски соучесници за велепредавство и за поткопување на внатрешната и надворешната безбедност на Нигер“.

Базум, кој беше демократски избран претседател на Нигер, беше соборен со државен удар на 26 јули и оттогаш е во домашен притвор во неговата резиденција во Ниамеј.

Во изминатите денови постојано растеше меѓународниот притисок врз хунтата за ослободување и враќање на Базум на власт. Веднаш по државниот удар, ЕКОВАС и даде на армијата седум дена да го врати Базум на функцијата и се закани дека ќе употреби воена сила, но тој рок помина без акција од ниту една страна.

Минатата недела ЕКОВАС нареди распоредување на резревни сили, но сè уште е нејасно кога и дали тие војници ќе влезат во земјата.

Нигер е четвртата земја во 15-члената организација ЕКОВАС која во последните три години доживеа државен удар.

Нигер е важна земја во Сахел, регион јужно од пустината Сахара, со кој западните земји соработуваат во борбата против џихадистичкото насилство поврзано со Ал Каеда и терористичката група Исламска држава, а кои убија илјадници лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе