Вести Свет

„ЕКОВАС“ одобри воена интервенција во Нигер

Воена интервенција во Нигер што е можно поскоро. Ова е одлуката на Западноафриканските држави, рече претседателот на Брегот на Слоновата Коска, по состанокот на кој се разговараше за пучот со кој беше симнат од власт првиот демократски избран претседател во земјата.

На состанокот, лидерите на регионалниот блок ЕКОВАС рекоа дека се согласиле да распоредат воени сили „во готовност“.

Сепак, не дадоа никакви детали за големината на силите.

Нигерискиот претседател Бола Тинубу рече дека употребата на сила ќе биде „последна опција“.

Воена хунта ја презеде власта во Нигер на 26 јули.

Водачите на пучистите предупредија дека ќе се бранат од каква било интервенција.

И САД и Франција имаат воени бази во Нигер, кои се користат како дел од напорите за справување со џихадистичките групи во поширокиот регион Сахел.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен пред два дена изјави дека верува оти руската платеничка група Вагнер ја „искористува“ нестабилноста во Нигер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе