Вести Свет Топ вести

Навивачите на Динамо Киев со поддршка за „Bad blue boys“, објавија фотографија со тромблонски мини пред натпреварот Динамо Киев – Арис

Со фотографија од тромблонски мини со порака за ослободување на „Bad blue boys“, објавена на Твитер од профилот на чешките хулигани, се изразува поддршка од Динамо Киев за „пријателите од Динамо Загреб, кои се уапсени во Атина“, јави дописничката на МИА од Атина.

Фотографијата е објавена вчера, а е во пресрет на вечерашниот натпревар на Динамо Киев со Арис во Солун во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

На тромблонските мини во сина боја, хулиганите, освен што бараат ослободување на навивачите на Динамо Загреб,  испишан е датумот 7 август и порачуваат дека „Bad blue boys се кралеви на Европа“.

Грчката државна телевизија ЕРТ коментира дека станува збор за провокација од Динамо Киев и истакнува дека од солунски ФК Арис ги презеле сите неопходни мерки за да се избегнат било какви инциденти за време на денешниот натпревар.

Навивачите на гостинскиот тим се збратимени со оние од Динамо Загреб.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе