Вести Свет Топ вести

Четири кривични дела и седум прекршочни на товар на уапсeните хрватски навивачи во Атина

Четири кривични дела и седум прекршочни се ставаат на товар на уапсените хрватски навивачи по големите нереди во Атина во понеделникот во пресрет на мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб во третото квалификациско коло за фудбалската Лига на шампиони. Неколкумина Хрвати се веќе пуштени од притвор, оние, пак, кои остануваат се соочуваат со казнените дела – убиство од небрежност, поседување ан експлозивни направи, здружување во злосторничка организација и предизвикување на експлозии.

Прекршочните дела се однесуваат на нарушување на јавниот ред и мир, нанесување и обид за нанесување на повреди, уништување на имот, насилство на спортски настан, нелегално носење на огнено оружје, употреба на оружје и поседување на димни бомби. Голем дел од навивачите се очекува да бидат изведени пред судот овие денови и некои од нив да бидат пуштени со казна доколку не се докаже дека сториле некое од посочените дела.

Полицијата сè уште трага по 20-тина хрватски хулигани кои ја немаат напуштено Грција и сè уште нема главен осомничен за убиството  на 29-годишниот Михалис Кацурис.

Грчките медиуми тврдат дека отпечатоците и ДНК трагите најдени на телото упатуваат оти станува збор за грчки државјанин, најверојатно навивач на атински Панатинаикос кој бил заедно со хрватски хулигани, а не 19-годишниот Домагој Пезер кој беше уапсен вчера во обид да ја напушти Грција.

Судските вештаци потврдиле дека фаталната рана е нанесена со конкретен тип на мал рачен нож кој сè уште не е пронајден. Форензичарите ги испитуваат ДНК трагите и отпечатоците, а трае и деталната проверка на видеозаписите од безбедносните камери на улиците и на објектите со недеж дека прецизно ќе се идентификува убиецот на Кацурис. Засега остануваат две верзии дека убиецот е веќе уапсениот Пезер или дека е грчки државјанин.

Грчката јавност е револтирана од игнорантскиот однос на атинската полиција. Најмногу поради тоа што имале прецизни информации уште на 4 август дека ќе пристигнат навивачи на Динамо и дека опасноста од инцидент е исклучително висока. Црногорската полиција дури ги испратила и регистарските таблички на голем дел од возилата до грчките колеги, неколку немаркирани полициски возила го следеле конвојот, сè додека не влегол во атинската населба Никаја каде што се распрснале за потоа да најдат на однапред договорениот паркинг на бензинска пумпа.

Полицијата во Атина и денеска е на готовс поради натпреварот меѓу Панатинаикос, чии хулигани рамо до рамо учествуваа во нападот на навивачите на АЕК и француски Олимпик Марсеј. Она што загрижува е што токму навивачите, ултрасите и хулиганите на Марсеј се збратимени со АЕК, а во т.н. „Триаголник на братството“ се вклучени и Ливорно од Италија. Трите групи се со левичарската идеологија, а најавено е присуство и на хулигани од Холандија, Германија и Белорусија.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

СДСМ објави листа на 19 кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе