Вести Свет Топ вести

Бурата Ханс предизвикува сериозни штети во северна Европа

Норвешките власти ги предупредија жителите да се подготват за „екстремно обилни врнежи“ со оглед на тоа дека бурата Ханс продолжува да беснее низ северна Европа.

Невремето предизвика одложени летови и поплавени патишта во Норвешка, Данска, Шведска, Литванија, Финска, Естонија и Летонија. Илјадници домаќинства вчера останаа без струја. Норвешката управа за водни ресурси и енергија предупреди на „екстремно обилни врнежи“ на југот на земјата и ги повика луѓето да избегнуваат „непотребни патувања“.

„Ова е многу сериозна ситуација која може да доведе до тешки последици. Се очекуваат големи поплави кои ќе предизвикаат штета на зградите и инфраструктурата“, наведува службата на својата веб-страница.

Поплавите и одроните затворија десетици патишта во јужна Норвешка и соседна Шведска. Норвешката полиција соопшти дека најмалку 119 лица биле евакуирани вчера до пладне.

Данскиот метеоролошки институт извести за бранови високи до осум метри. Во понеделникот, во Литванија загина жена откако врз неа падна дрво. Во соседна Летонија веќе има две жртви на вакви инциденти. Во Естонија речиси 10.000 луѓе останаа без струја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

СДСМ бара вонредна седница за разрешување на претседателката на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена

Дејан Дејан

Обвинетите ексдиректори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат во ефективен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе