Вести Свет Топ вести

(Видео) Паднаа 12 сантиметри снег во Баварија – врвови и падини на планината Небелхорн во бело

Врвовите и падините на планината Небелхорн во Баварија, висока 2.224 метри, денеска осамнаа во бело. Дванаесетте сантиметри снег што паднаа наиде на воодушевување кај некои, кај некои донесе разочарување, а кај некои изненадување.

Небелхорн обично е без снег во јули и август. И додека прогнозите се однесуваа на врнежи од дожд, температурите ноќеска паднаа под нулата, носејќи снег додека во Обесдорф, град во подножјето на планината, беше зелено.

„Како дете, секогаш доаѓав тука во зима. Сега сакавме да ги доживееме планините во лето и без снег“, вели Никола Вегнер, туристка.

Појавата на снег во Баварија во овој период од годината е веројатно последица на климатските промени. И додека на Небелхорн се чисти снег, медитеранот гори од пожари додека делови од балканот се под аларм за ново големо невреме, слично на суперќелиските бури што го зафатија регионот во изминатите денови и кои направија пуштош во делови од Швајцарија, Италија, Австрија, Словенија, БиХ и Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе