Вести Свет

Најмалку 11 загинати во Кина откако врз нив се урна покрив на спортска сала

Најмалку 11 лица загинаа во Кина, а според очевидци најголем дел од нив се деца, откако врз нив се урна покрив на спортска сала. Во моментот на несреќата во објектот имало 19 лица, а објектот го користеле тим на млади одбојкарки. Несреќата се случила во неделата во 15 часот по локално време во гимназија на североистокот од земјата. Во спасувачката акција учествувале речиси 160 пожарникари и 39 противпожарни возила… Прелиминарната истрага покажала дека најверојатната причина за несреќата е лоша изградба на покривот на салата со несоодветни материјали, кои попуштиле од насобраната вода од обилните врнежи од дожд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе