Вести Свет

Норвешка под хакерски напади, утринава на мета 12 министерства

Норвешката влада соопшти дека и денеска продолжуваат сајбер нападите врз институциите на јавниот сектор на земјата. Информираат дека цел на нападите денеска биле 12 министерства.

– Рано е да се каже кој стои зад тоа и колкава штета предизвика овој сајбер напад, велат надлежните.

По падот на испораките на руски гас, Норвешка сега е најголемиот снабдувач на гас во Европа и најголем извозник на нафта во Западна Европа.

Кабинетот на премиерот и министерствата за одбрана, правда и надворешни работи не беа погодени од нападот бидејќи користат различни ИТ платформи, информираат локалните медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе