Вести Свет Топ вести

Евакуација на туристите и локалното население на островите Крф и Евија

Поради силните пожари кои беснеат во Грција утрово издадена е наредба за евакуација на туристите и локалното население на грчкиот остров Крф.

Со цел извлекување на луѓето кои се затечени од огромните шумски пожари испратени се чамци но засега е невозможно да се процени колку туристи има во овие области.

Исто така, започната е евакуација во делови од островот Евија.

На жителите од четири области – Ливади, Потами, Пернараки и Платанисто – им било кажано да се евакуираат како мерка на претпазливост и да се движат кон областа Каристос.

Вчера беше наредена евакуација на околу 30.000 луѓе од островот Родос, кој беше најтешко погоден од огнената стихија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борозанов: Сигурно ќе има одложување на инвестициски одлуки во оваа година

Дејан Дејан

Борозанов: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран ќе има негативен ефект врз глобалниот раст на подолг рок

Дејан Дејан

Можеби ќе нападнеме, можеби не, никој не знае што ќе направам – Трамп за можен напад на САД врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе