Вести Свет Топ вести

(Видео) Неверојатна приказна за Австралиецот Шедок кој со неговото куче Бела поминаа три месеци во водите на Тихиот океан

Австралискиот морнар Тим Шедок и неговото куче Бела по три месеци повторно стапнаа на копно.

Жителот на Сиднеј, 51-годишниот Шедок и неговото куче отпловиле од Ла Паз, Мексико за Француска Полинезија во април, но нивниот брод бил уништен во бура неколку недели подоцна.

Шедок раскажува дека тој и неговото куче преживеале јадејќи сурова туна и пиејќи дождовница. Тие беа спасени откако хеликоптер ги забележал во водите на Тихиот океан.

Крајбрежната стража најпрво Шедок го праша дали има дрога или оружје и продолжи да го прегледува бродот.

Кога хеликоптерот го забележал рибарскиот брод на Шедок, пловилото било на околу 1.930 километри од копното.

„Тоа беше првпа по три месеци да видам луѓе“, рече Шедок подоцна.

Пилотот му фрлил пијалок, а потоа одлетал, подоцна се вратил со брз брод од Марија Делија.

Шедок рече дека бил добро опремен, но бурата целосно ја уништила електрониката на бродот по што тој останал без храна и не можел да готви.

Тој и неговото куче Бела преживеаја јадејќи сурова риба.

Шедок се опиша себеси како тивка личност која сака да биде сам на океанот.

Тој рече дека наскоро ќе се врати во Австралија и дека со нетрпение чека да се види со своето семејство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе