Вести Свет Топ вести

Столтенберг: Ердоган се согласи да ја поддржи Шведска за влез во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се согласи да ја поддржи Шведска за влез во НАТО, и да го почне процесот на ратификација, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на вечерашната прес конференција.

Столтенберг претходно изјави дека на првиот состанок со турскиот претседател ќе се обиде да го разубеди и да го промени мислењето да не ја блокира Шведска за влез во Алијансата.

Ердоган претходно го услови членството на Шведска ако се отвори и патот за Турција кон европското семејство, која со години чека пред портите на ЕУ. Од официјален Брисел го одбија барањето, објаснувајќи дека тоа се два различни процеси и дека не треба да се поврзуваат, бидејќи станува збор за две различни институции, иако процесите може да се одвиваат паралелно. И од Берлин, герамснкиот канцелар го потврди ставот на официјален Брисел.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел му се закани на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи

Дејан Дејан

Трамп со порака до режимот во Техеран: БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!

Дејан Дејан

Организацијата Трамп ќе произведува златни телефони – експертите скептични

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе