Вести Свет Топ вести

Хомофоби во Грузија ја нападнаа парадата на гордоста, меѓу нив и свештеници

Група од 2.000 демонстранти против ЛГБТ лицата ја нападна поворката на парадата на гордоста во Тбилиси. Хомофобите, меѓу кои имаше и православни свештеници, палеа знамиња во боите на виножитото и се судрија со полицијата.

Тоа беше причина за откажување на фестивалот на гордоста во Тбилиси, бидејќи учесниците мораше да бидат евакуирани. Правата на ЛГБТ лицата се заштитени со закон во Грузија. Но, голем број од припадниците на заедницата се соочуваат со раширена дискриминација во конзервативната и, претежно, православна држава.

Според заменик на министерот на грузиското МВР, полицијата се обидела да ги запре демонстрантите, но не успеала да ги стави под контрола. Организаторите на настанот, пак, ги обвинија властите дека се договориле со демонстрантите за попречување на фестивалот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе