Вести Свет Топ вести

Ердоган со поддршка за Зеленски – повика на побрза интеграција на Украина во НАТО

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на синоќешната средба со украинскиот колега Володимир Зеленски во Истанбул, изрази целосна поддршка за Киев.

Тој по средбата изјави дека Украина „заслужува интеграција во НАТО“ и ги повика Киев и Москва да се вратат на мировните преговори.

Ердоган и Зеленски разговараа за иднината на Договорот за извоз на жито преку Црното Море. Договорот беше постигнат во јули 2022 година под покровителство на Обединети нации и Турција, а истекува на 17 јули, а Русија соопшти дека не гледа причина да го продолжи.

– Се надеваме дека Договорот ќе биде продолжен, посочи Ердоган и најави дека за тоа ќе разговара со Путин во август.

Зеленски истакна дека многу луѓе ширум светот се потпираат на тој коридор за храна, „и тие животи не можат да зависат од расположението на претседателот на Руската Федерација“.

Ердоган најави и дека следниот месец претседателот на Русија, Владимир Путин ќе ја посети Турција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран соопшти оти го погодил оперативниот центар на Мосад – издадена наредба за враќање на лекарите и медицинските сестри од одмор

Дејан Дејан

Американците во Израел не можат да бидат евакуирани

Дејан Дејан

Државата нема увид како ЕВН ги подесува броилата, забележуваат Инженери на Република Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе