Вести Свет Топ вести

Руската морнарица ќе го враќа во служба носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“

Единственуиот руски носач на авиони „Адмирал Кузњецов“, што претрпе низа поправки, би можел да се врати во служба до крајот на следната година, пренесе денеска Тасс.

Бродот, лансиран во 1985 година, веќе требаше да биде подложен на ремонт со цел да профункционира во текот на оваа година.

Според прилагодениот план, фабричките морски испитувања на носачот на авиони треба да почнат следната пролет. Доколку тестовите поминат без грешки, тогаш бродот може да се приклучи на флотата кон крајот на следната година. Доколку нешто тргне наопаку за време на тестовите , тогаш нењизбежно ќе има одложување до 2025 година, пренесе Тасс, повикувајќи се на неименуван извор од одбраната.

Во декември 2019 година, најмалку еден војник загина, а 12 лица беа повредени во пожар на бродот. Минатата година бродот претрпе оштетувања за време на поправките кога потона пловечкиот док што го потпираше, а кран се урна на неговата палуба.

Носачот на авиони стана познат во Обединетото Кралство во 2017 година кога тогашниот секретар за одбрана Мајкл Фалон го нарече „брод на срамот“ бидејќи исфрлаше црн чад додека минуваше низ водите на англискиот брег.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе