Вести Свет Топ вести

Илјадници Палестинци го напуштија бегалскиот камп – Израел ја продолжува својата голема воена операција

Израелскиот советник за национална безбедност изјави дека воената операција на северот на окупираниот Западен Брег е блиску до постигнување на своите цели.

Операцијата „е блиску до завршување на постигнувањето на поставените цели“ по релативното затишје во судирите минатата ноќ, изјави Цачи Ханеби за радиото Кан, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Илјадници Палестинци го напуштија бегалскиот камп Џенин додека Израел ја продолжува својата голема воена операција на окупираниот Западен Брег.

Израел во понеделникот започна голема воена операција против палестинските милитанти во кампот.

Палестинските власти соопштија дека 10 Палестинци се убиени, а 100 други се ранети
Израелските одбранбени сили соопштија дека уапсиле 120 осомничени и имаат уште 10 цели во центарот на бегалскиот камп Џенин.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе