Вести Свет Топ вести

Лајчак: Ситуацијата на северот на Косово и натаму е кревка

Ситуацијата на северот на Косово е сè уште кревка, и покрај преземените чекори за намалување на тензиите, изјави специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Лајчак на Фејсбук напиша дека последните два дена ги поминал во Брисел, каде што тој и неговиот тим тесно соработувале со меѓународните партнери за да ги координираат следните чекори за решавање на кризата во северно Косово.

Тој додаде дека разговарал со членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент и со шефот на Генералниот директорат за соседство и проширување на Европската комисија, Герт Јан Купман, за ситуацијата на северот на Косово и за последните случувања во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе