Вести Свет Топ вести

СИРИЗА во септември ќе избира нов лидер, пратеникот Фамелос привремен шеф на пратеничката група

Поранешниот министер и пратеникот со долгогодишно парламентарно искуство Сократис Фамелос ќе биде привремениот шеф на пратеничката група на СИРИЗА, а во септември партијата ќе одбере нов лидер.

Политичкиот секретаријат на СИРИЗА вчера одржа маратонски состанок, на кој била донесена одлука Фамелос да ја предводи партијата и пратеничката група во периодот до избор на нов лидер, особено во пресрет на тридневната расправа во Парламентот од четврток до сабота за гласање доверба на Владата.

Партиски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА брифирале дека пратеничката група денеска ќе одржи состанок за да ја ратификува одлуката на Политичкиот секретаријат за назначување на Сократис Фамелос за привремен шеф на групата.

По оставката на Алексис Ципрас од лидерската позиција во четвртокот, започна итна процедура во СИРИЗА за избор на нов претседател, а вчера, на состанокот биле одлучени следните чекори.

Според грчките медиуми, на 15 и 16 јули ќе се состане Централниот комитет и ќе се достават кандидатурите за нов лидер, во август ќе се одржи Конгрес, а на почетокот на септември, членовите на СИРИЗА ќе гласаат за претседател на партијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Полјаците бесни поради начинот на кој полскиот претседател изрази сочуство до Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе