Вести Свет Топ вести

Вучиќ: Нема да разговарам со Курти во Брисел, разговор со него нема никаква смисла

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека денеска ќе отпатува за Брисел, но на средба со  Жозеп Борел, а не и со косовскиот премиер, Албин Курти. Во седиштето на Европската Унија порача дека ќе патува со извештајот за уапсените Срби на Косово. Пред високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, како што нагласи, ќе повтори дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација, но не верува дека Западот ќе го казни Курти.

Лидерите на земјите членки на Европската Унија на северот на Косово и на претстојниот Самит, на 29 и 30 јуни, ќе повикаат на итна деескалација на ситуацијата. Според нацрт заклучоците, до кои увид имаше Радио Слободна Европа, шефовите на држави ќе изразат осуда на насилните инциденти и ќе повикаат за смирување на тензиите врз основа на предлозите на Унијата.

Косово ќе биде тема и на претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург на 26 јуни. Европската унија на почетокот на јуни се обрати до официјална Приштина со побара итно запирање на полициските операции во близина на зградите на локалните самоуправи на северот на Косово, новоизбраните градоначалници во четирите општини со мнозинско српско население да ги извршуваат функциите на алтернативни локации и што поскоро да бидат распишани вонредни локални избори.

Ситуацијата на Косово е тензична по бојкотот на Србите на вонредните локални избори на 23 април, а ескалира кон крајот на минатиот месец кога новите градоначалници Албанци влегоа во општинските згради со асистенција на косовските специјалци.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе