Вести Свет

Пожарот што денеска избувна во Париз по силната експлозија повреди многу луѓе, некои од нив се и во критична состојба

Бројот на повредени во експлозијата и пожарот во Париз се искачи на 29. Во моментов пожарот е ставен под контрола, а има и исчезнати лица.

Во тек е пребарување на урнатините. Директорот на блиското музичко училиште вели дека експлозијата била толку силна што го соборила на подот додека бил во својата канцеларија.

Целото пошироко подрачје околу експлозијата е опколено од полицијата, а жителите на неколку околни згради се евакуирани.

Полицијата во моментов ги прегледува снимките од безбедносните камери за да ги утврди деталите за експлозијата. Така дошле до заклучок дека експлозијата се случила точно во 16 часот и 55 минути.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа дека човек  влегува во зградата непосредно пред експлозијата.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе