Вести Свет

Папата Франциск итно пренесен во болница во Рим – денеска ќе биде подложен на операција на абдоменот

Папата Француск утрово беше итно пренесен во болницата „Џемели“ во Рим, каде ќе биде подложен на хируршка интервенција на абдоменот, соопшти прес-службата на Ватикан.

Во соопштението се додава дека неговиот медицински тим во изминатите денови донел одлука дека операцијата е неопходна поради што се очекува папата да остане неколку дена под постојан лекарски надзор.

Италијанската новинска агенција АНСА пренесува дека зафатот ќе трае околу два часа, време во кое папата ќе биде под целосна анестезија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Израел депортираше уште шест активисти од „селфи јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе