Вести Свет

Формиран посебен тим кој ќе ги оцени постапките на косовските специјалци

Полицискиот инспекторат на Косово, во координација со Министерството за внатрешни работи во Приштина, формираше заеднички тим кој треба да ги оцени постапките на полицијата при вчерашните инциденти пред општинските згради во Зубин Поток, Звечан и Лепосваиќ.

Косовските власти велат дека целта е да се осигура дека косовската полиција ги извршува своите должности во согласност со уставните и законските стандарди и овластувања, со цел да се создаде безбедна средина за граѓаните без разлика.

Исто така, тој тим има намера да утврди дали при оваа акција биле пречекорени полициските овластувања. Мисијата на КФОР ги осуди „сите еднострани дејствија што ризикуваат понатамошна ескалација на тензиите“ во Косово.

Во нивното соопштение се додава дека тие „внимателно“ ја следат ситуацијата на терен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерко со ослободителна пресуда за набавката на луксузното ауди

Дејан Дејан

TЕЦ Осломеј не работи

Дејан Дејан

Приведен осомничениот бизнисмен Ристо Крмзов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе