Вести Свет

Пекинг се соочува со нов, силен бран на ковид-19 – предупредување од кинеските здравствени власти

Кинеските здравствени власти предупредија дека главниот град Пекинг се соочува со нов, силен бран на случаи на ковид-19, а истото се случува и во голем дел од земјата. Водечкиот кинески епидемиолог Жонг Нан-Шан очекува околу 65 милиони нови случаи на коронавирус неделно на крајот на јуни, кога очекува бранот да го достигне врвот, јавуваат државните медиуми.

Тој проценува дека сега има околу 40 милиони случаи неделно. Експертите сметаат дека меѓу 80 и 90 отсто од сите 1,4 милијарди Кинези биле заразени во бранот на коронавирус во декември и јануари, но нивото на имунитетот сега се смета дека е намалено.

Сè уште нема официјални податоци за бројот на починати од вирусот во текот на зимата. Според проценките на странските експерти, оваа бројка изнесува околу еден милион починати. Властите во средата го одложија редовното објавување на бројките за смртност за четвртиот квартал од 2022 година.

Крематориумите во тоа време не можеа да се справат со починатите лица. По три години, Кина во декември ненадејно се откажа од својата претходно строга стратегија за нулта-ковид. Инфективен бран, сличен на минатиот, овој пат не се очекува, но здравствените власти предупредуваат дека во особена опасност се старите и болните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелски сили пресретнаа брод со активисти на пат кон Газа

Дејан Дејан

Повредено лице евакуирано со хеликоптер од Ливадичко Езеро

Дејан Дејан

СДСМ со осуда за говорот на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе