Вести Македонија Најважни

ТикТок ќе биде „избркан од час“ – МОН и Владата во дилема дали делумно или целосно да се забрани апликацијата заради безбедносни ризици

Преку посебен протокол и со јасни насоки – стручните служби и просветарите ќе се борат против сајбер-ризиците.

Безбедноста па дури и животот на учениците се во ризик ако социјалните мрежи не се користат совесно. Ова го оцениле од Министерството за образование и наука. До Владата предложиле итно да се анализира ситуацијата, а потоа да се забрани или ограничи мобилната апликација ТикТок.

Сѐ ова е за да се превенираат екстремни содржини, несвојствени за една училишна средина, а снимени за на ТикТок.

За дел од комуниколозите, ова е сериозно прашање и не треба да се генерализира младината, на сметка на поединците на кои им е потребна стручна помош.

Мора да ги најдеме, да ги детектираме луѓето коишто имаат потенцијал за таква работа. Тоа е стручна работа којашто можат стручни луѓе да ја прават – и треба да ја прават. Тука се безбедносните структури, психолозите, социолозите, психијатрите. Тие мора да го прават тоа. Меѓутоа, ние не можеме да казниме цела плејада на луѓе да немаат пристап до мрежи или до технологија заради тоа што одреден процент може народски кажано „да забега“ и да направи девијантна работа. Едноставно, ако ги спречуваме работите и ги казнуваме и оние коишто не грешат – ќе имаме само поголем проблем и револт, изјави Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми.

Има примери во светот каде што употребата на ТикТок е регулирана. Не со целосна забрана, но одредени ограничувања можеби ќе дадат ефект, анализира стручната фела.

Светот се дигитализира, оди напред – а, родителите мора да одржуваат чекор.

Се создаваат некои нови морални вредности, па и воспитувањето на децата мора да се прилагоди према тоа, смета психологот Дора Попова – Узуновски.

Иако некои морални вредности и норми се безвременски и безусловни и остануваат такви какви што се, сепак тие морални вредности мора да се прилагодат на времето во коешто живееме. А, времето знаеме дека се менува. Ако одредени принципи важеле порано, сега тие повеќе не важат. со сигурност може да се направи како што некои земји веќе имаат направено. на пример, во Кина воведоа време во денот – колку децата на одредена возраст, различно може временски да поминува на телефонот, анализира Дора Попова – Узуновски, психолог и психотерапевт.

Регионот се згрози од случувањата во соседна Србија. Истрагата веќе доведе до детали и за злоупотреба на интернетот од страна на малолетниот убиец.

Поучени од случувањата, образовните власти кај нас свикаа состанок со стручни лица. Целта е да се зголеми безбедноста и во нашите училишта.

Отворена е и електронска адреса за пријавување насилство и на истата веќе пристигнале десет пријави од ученици.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе