Вести Свет Топ вести

Русија ја обвини Украина за обид за атентат на Путин

Русија соопшти дека два дрона го нападнале Кремљ минатата ноќ, што официјална Москва го опишува како Украински обид за атентат на Претседателот Владимир Путин.

Руските власти тврди дека нападот со дроновите бил спречен од страна на руската против-воздушна одбрана.

Шефот на руската држава не бил во Кремљ во моментот на нападот и на објектите не е предизвикана материјална штета.

Украина засега не ги коментира обвинувањата на официјална Москва.

Кремљ го опиша инцидентот како „испланиран терористички напад“, при што за себе го задржува правото да реагира на начин кој се смета за најсоодветен.

Агенцијата РИА Новости пренесе дека станува збор за очигледен обид за атентат на државата во предвечерјето на прославата на денот на победата над фашизмот, односно традиционалната парада во Москва за 9-ти мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зголемена стапката на морталитет

Дејан Дејан

Контролорите на летање најавуваат штрајк на 10 јули – според нив се вработуваат партиски советници

Дејан Дејан

ФЕД сигнализира можни намалувања на каматните стапки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе