Вести Македонија

Околу 50 училишта низ Македонија ќе бидат опремени со фотоволтаични системи

Околу 50 училишта низ Македонија ќе бидат опремени со фотоволтаични системи летово. Проектот се реализира преку грант од 1,1 милион евра од Банката за развој при Советот на Европа, потпишан со Министерството за образование и наука.

Инвестицијата во обновливи извори на енергија ќе овозможи значителни заштеди во буџетот, средства што ќе се пренаменат за инфраструктура, учебници и дигитални помагала за учениците, се вели во соопштението од Владата од каде додаваат дека проектот ќе придонесе и за намалување на загадувањето.

„Ова е дел од визијата за модерно, енергетски ефикасно образование и посветеност на реформите во секторот,“ се вели во текстот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше промовирана новата артилериска опрема за Македонската армија

Дејан Дејан

Што барале непрописно паркираните службени возила на вицепремиерите Меџити и Фетаи, на полноќ и во близина на партискиот штаб на Вреди?

Дејан Дејан

Пензионерите кои протестираа за зголемување на пензиите се задоволни од најавата за покачување на пензиите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе