Вести Свет Топ вести

СЗО: Можен биолошки ризик од медицинската лабораторија во Картум каде се чуваат опасни патогени од сипаници и колера

Едната страна во конфликтот во Судан ја презела контролата врз државната здравствена лабораторија во главниот град Картум, каде се наоѓаат биолошки материјали, а ова според претставниците на ОН претставува „исклучително опасен“ развој на ситуацијата на теренот…

Претставникот на Светската здравствена организација во Судан, Нима Саид Абид, изрази загриженост по информацијата дека вооружените лица кои ја презеле контролата врз централната лабораторија за јавно здравје во Картум ги протерале сите техничари кои работат во објектот.

Дополнително, прекините во снабдувањето со електрична енергија може да ја нарушат постапката за правилно управување со биолошките материјали што се складираат за медицински цели, предупредуваат од СЗО. Во лабораторијата се чуваат патогени од сипаници, колера и други опасни материјали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

СДСМ објави листа на 19 кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе