Вести Свет Топ вести

Столтенберг: Сите сојузници се согласни дека местото на Украина е во НАТО; Орбан на твитер: „Што?“

Местото на Украина е во НАТО, и за тоа се согласиле сите сојузници, порача денеска Генералниот секретар на алијансата од американската база Рамштајн во германија, каде што министрите за одбрана на земјите членки одржуваа состанок за Украина.

Секако, на Украина ѝ е потребна безбедност затоа што никој не може да каже кога и како оваа војна ќе заврши. Но, тоа што го знаеме е дека кога оваа војна ќе заврши, ние мораме да се осигуриме дека историјата нема да се повтори, дека Русија нема да може да продолжи со нападите и да води војна против Украина, и да продолжи да ја поткопува европската безбедност, изјави столтенберг.

Но, ова очигледно го изненади унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој таа изненаденост ја изрази преку само еден прашален збор на твитер. Орбан, иако ја осуди руската инвазија, не се согласи да испрати оружје за помош на Украина, и за разика од останатите европски лидери, не е толку гласен во своите критики за Москва.

Сепак, германскиот министер за одбрана Борис Писториус, побрза да ја смири топката.

На крајот, НАТО партнерите одлучуваат кој ќе стане членка. Во моментов го правиме тоа во разговорите околу Шведска. Но, ја потенцирам широката согласност. Но, тоа не е тема на денешната дискусија. Секоја одлука мора да биде донесена во моментот кога тоа прашање ќе биде решено. Или според мотото едно по едно, рече писториус.

На истиот самит, Букурешт 2008 година, кога Македонија доби вето, а членки станаа Хрватска и Албанија, лидерите на земјите членки се согласија дека и Украина и Грузија некогаш ќе ѝ се приклучат на алијансата, но засега ниту една од двете земји воопшто не се приближи.

По руската инвазија на Украина минатата година, својот неутрален статус го сменија Шведска и Финска, сите сојузници се согласија апликациите и на двете земји да бидат ставени на експресна лента, но шведската заглави во Анкара, додека Финска стана 31 членка.

Случајот со Украина е малку покомплициран, затоа што не е мал бројот на земји кои имаат резерви за нејзиното членство, особено во ситуација додека земјата е сѐ уште во војна со Русија. Колективната одбрана и Членот пет од Спогодбата за основање на НАТО, гарантираат дека ако една членка биде нападната, сите останати членки се приклучуваат во нејзина одбрана, а најголемиот број членки на НАТО во моментов не се расположени за војна со Русија.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмногу претставки за сексуална и родова припадност, намален е бројот на оние за национална и етничка припадност

Дејан Дејан

Меѓународниот суд во Хаг ќе бара налози за апсење за водачите на Израел и Хамас

Дејан Дејан

Синдикалната минимална кошница за мај година изнесува 60.090 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе