Вести Свет Топ вести

Масовно пукање во САД на погреб на момче кое загинало при вооружена пресметка

Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени откако вооружен маж отвори оган во Вашингтон на погреб на 24-годишен маж, кој и самиот бил убиен во престрелка минатиот месец.

Пукањето се случило веднаш по богослужбата за 24-годишниот Стефон Ламонт Керол. Додека ожалостените ја напуштале погребалната куќа, околу 12:30 часот по локално време, напаѓачот отворил оган по што се дал во бегство, а полицијата трага по него.

Полициските органи велат засега останува нејасно што го мотивирало пукањето врз толпата. Семејството претходно побарало присуство на полиција на погребот, бидејќи истакнале дека се плашат и очекуваат вооружен инцидентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп им даде на Иранците рок од две недели, но нападна по само два дена

Дејан Дејан

Израелски авиони бомбардираат воени цели во Западен Иран, соопшти ИДФ

Дејан Дејан

16 повредени во ирански ракетен напад врз Израел откако САД ги бомбардираа нуклеарните капацитети на Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе