Вести Свет Топ вести

Победа на десниот центар на изборите во Финска, премиерката Сана Марин го призна поразот

Актуелната финска премиерка Сана Марин, лидерка на Социјалдемократската партија, го призна поразот на парламентарните избори на кои победи централно-десничарската Национална коалиција.

Најмладата шефица на влада во светот, кога дојде на власт на крајот на 2019 година, беше пофалена за доброто управување со пандемијата на Ковид-19 и процесот на пристапување во НАТО, како и за нејзиниот став против соседна Русија.

Но, противниците ги критикуваа нејзините економски резултати, особено растот на јавниот долг, како и видеата од забавите. Парламентарните избори во земјата со 5,5 милиони жители, речиси, се совпаѓаат со приемот на Финска во НАТО, што се очекува во наредните денови. Формирањето влада обично трае неколку недели, но понекогаш и месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе