Вести Свет Топ вести

Голем штрајк на полноќ во Германија – авионите ќе се приземјат, јавниот превоз и возовите ќе запрат во седум покраини

Ноќеска на полноќ, речиси сè, ќе запре во Германија. Возовите нема да сообраќаат, авионите ќе бидат приземјени, а од аеродромите ќе работи само берлинскиот. Според најавите, ќе запре и градскиот превоз во седум од 16-те покраини.

Причина е предупредувачкот штрајк на кој повикаа два важни синдиката во земјата – Синдикатот на железничари и вработени во сообраќајот и Синдикатот на услужни дејности. Нивните барања се поголеми плати, со оглед на поскапувањата, како и подобри работни услови за околу 2,7 милиони вработени во јавниот сектор и сообраќајните дејности.

Синдикатот на услужни дејности, за јавните службеници по чии плати се нивелираат примањата на голем број на вработени на аеродромите или во градскиот превоз, бара зголемување за 10,5 отсто, но најмалото зголемување на биде 500 евра месечно бруто. Од таму ја одбија понудата на работодавачите за 5 отсто зголемување во два чекора и за едноркатна исплата по 2.500 по вработен.

Слична понуда испратија и од Германски железници до ЕВГ и уште 15 железнички претпријатија, но предлогот беше одбиен, со барање за 12,5 зголемување на платите, а најмалото да изнесува 650 евра месечно бруто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лефков: Ние веруваме во нашите партнетнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Зеленски – Трамп: Разговаравме за прекин на огнот и вистински мир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе