Вести Свет Топ вести

Се огласи Путин: Ќе распоредиме нуклеарно оружје во Белорусија

Русија денеска префрли 10 авиони во Белорусија кои се способни да носат тактичко нуклеарно оружје, објави агенцијата ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека поставувањето на нуклеарно оружје во Белорусија нема да ги наруши договорите за неширење на нуклеарно оружје.

Путин претходно се осврна и на најавата на Велика Британија дека ќе испорача гранати со осиромашен ураниум на Украина, истакнувајќи дека Русија ќе биде принудена да реагира.

„Во врска со тоа, сакам да нагласам дека, доколку се случи тоа, тогаш Русија ќе биде принудена да реагира. Мислам на фактот дека колективниот Запад веќе почнува да користи оружје со нуклеарна компонента“, порача Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе