Вести Свет

Го тргнал ли Макрон часовникот вреден 80 000 евра во текот на интервјуто за да не ја скандализира јавноста?

Францускиот Претседател Емануел Макрон се најде на мета на жестоки критики во својата држава, затоа што наводно го отстранил „луксузниот“ часовник кој го носел пред два дена во рамките на ТВ интервјуто по одлуката за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Франција се соочува со масовни протести и штрајкови на синдикатите бесни заради политиките на шефот на државата.

Претставниците на Макрон тврдат дека претседателот го отстранил часовникот затоа што удирал гласно на масата.

Инцидентот се случил во текот на интервјуто во средата кога Маркон ги образложувал причините за зголемувањето на старосната граница за пензионирање.

Од кабинетот на Претседателот тврдат дека позадината на целиот инцидент е многу поинаква и невина. Додека зборувал, Макрон ги спуштал рацете на масата и часовникот гласно удирал, по што тој одлучил да го извади.

Според синдикатите и демонстрантите, Макрон уште еднаш покажал колку нема разбирање на страдањата на обичните француски граѓани.

Полемики се водат и околу тоа колку чини часовникот на раката на францускиот претседател. Во дел од највиралните објави на социјалните медиуми, критички настроени кон Макрон, се тврди дека часовникот чинел 80 000 евра.

Ваквите објави само го засилуваат впечатокот дека Макрон целосно ги разбира и штити интересите на богатите, бидејќи и тој е дел од нив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе