Вести Свет Топ вести

Протестите во Франција ја одложија кралската посета – Чарлс Трети во друга прилика ќе оди на гости кај Макрон

Државната посета на кралот Чарлс Трети на Франција е одложена на барање на претседателот Емануел Макрон, соопшти Даунинг стрит.

Од Елисејската палата соопштија дека одлуката е донесена поради нередите на улиците во Франција кои траат веќе 10 дена, објави „Би-Би-Си њуз“.

Патувањето на Чарлс Трети во Париз требаше да почне во недела, но одлучено е до тоа да не дојде по синоќешната ескалација на протестите.

Информацијата ја потврди и Бакингемската палата во чие соопштение се наведува дека до „одлагање дошло поради ситуацијата во Франција“.

Владата на Велика Британија додаде дека одлуката е донесена во согласност со сите страни.

Демонстрантите синоќа ја запалија зградата на градското Собрание во Бордо. Изгоре влезот во градската Куќа во градот на францускиот југозапад по целодневните судири меѓу демонстрантите и полицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не почнавме од нула, почнавме од минус, сега сме стабилизирани – Мицкоски на Трибина во Прилеп

Дејан Дејан

Бела куќа: Иран не го премести збогатениот ураниум пред нападот

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Будимпешта мора да се одржи – Фон дер Лајен со порака до унгарските власти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе