Загрепската полиција соопшти дека 36-годишен државјанин на Србија е застрелан во угостителски објект во Загреб.
Според полициското соопштение, тој најпрво имал вербална расправија со непознат маж кој потоа истрелал неколку куршуми од огнено оружје.
Еден од куршумите го погодил во ногата и веднаш му била дадена медицинска помош во Клиничката болница Дубрава. Во тек е криминалистичка истрага која треба да даде детали за инцидентот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.