Вести Свет Топ вести

Трамп тврди: Во вторник ќе ме апсат – повика на масовни протести

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вели дека очекува да биде уапсен во вторник и ги повика своите приврзаници да започнат масовни протести.

Тој денеска на својата социјална мрежа „Truth Social“ напиша дека „незаконските протекувања“ од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен „укажуваат“ дека тој ќе биде уапсен во вторник, објавува Би – Би – Си.

Сепак, неговиот адвокат рече дека немало никаква комуникација од органите на прогонот и дека постот на поранешниот претседател се заснова на медиумски извештаи.

Обвинителите го разгледуваа можното обвинение против Трамп. Извештаите велат дека тоа би можело да се случи следната недела.

Ако тој биде обвинет, тоа ќе биде прва кривична постапка против поранешен претседател на САД.

Овој случај се фокусира на наводно исплатените пари за молчење што ги платил во име на г-дин Трамп неговиот адвокат на поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс пред претседателските избори во 2016 година.

Тоа е еден од неколкуте случаи во кои во моментов се води истрага за 76-годишникот, иако тој се уште не е обвинет во ниту еден и негира дека сторил нешто лошо.

Трамп на своите приврзаници им вети дека ќе ја продолжи својата кампања за да стане републикански кандидат на претседателските избори во 2024 година, дури и ако е обвинет.

Случајот со Сторми Даниелс е еден од неколкуте правни проблеми со кои се соочува поранешниот американски претседател.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе