Словачка одобри испраќање на борбени авиони од типот Миг-29 во Украина, изјави денеска премиерот Едуард Хегер, како засилување на воената помош на официјална Братислава за Киев.
„Ројтерс“ јавува дека флота од 11 авиони Миг-29 се повлечени минатото лето, а најголем дел од нив не е во оперативна сосојба, пренесува „Гардијан“.
Потегот на словачката влада доаѓа по 24 часа од одлуката на Полска да испрати четири авиони Миг-29 во Украина.
„Како прво, буквално, за неколку денови ќе испратиме, колку што знам, четири авиони во Украина кои се подготвени за летање. Останатите се сервисираат“, рече полскиот претседател, Анджеј Дуда, кој додаде дека неговата земја 10 до 20 авиони од типот Миг-29.
Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки рече дека авионите ќе може да бидат испорачани за четири до шест недели.