Вести Свет Топ вести

(видео) Без да се гласа Франција го донесе законот за пензиски реформи – народот на улица се судри со полицијата

Полицијата во Париз се судри со демонстрантите откако француската влада одлучи да ги спроведе пензиските реформи без гласање во парламентот.

Народот се собра на Плас де ла Конкорд како одговор на зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Во земјата два месеца има јавни дебати на спорната пензиска реформа, предложена од претседателот Макрон, а собраниските пратеници не беа многу расположени да го спроведат гласањето. Седницата почна во напната атмосфера. Левичарските пратеници ја пееја националната химна, попречувајќи го говорот на премиерката, а за да се чуе, таа мораше да вика во микрофонот.

Конечно, премиерката Елизабет Борн се повика на член 49:3 од уставот – дозволувајќи и на владата да избегне гласање во Собранието и со тоа законот се усвојува, но француските медиуми пишуваат дека владата немала обезбедено мнозинство за законот.

Овој потег ги разбесни опозициските политичари. Многумина го исмејуваа премиерот, ја пееја Марселезата и истакнаа знаци на протест во парламентот. А лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен изјави дека ќе биде поднесено барање за недоверба на владата на претседателот Емануел Макрон.

Водачот на левичарската партија La France Insoumise (LFI), Матилда Пано, на Твитер напиша дека Макрон ја втурнал земјата во владина криза, без парламентарен или народен легитимитет.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Париз и другите француски градови за да го отфрлат потегот, пеејќи ја националната химна и веејќи знамиња на синдикатот.

Некои демонстранти се судрија со полицијата. Се запали оган на средината на Плас де ла Конкорд, а полицијата со штитови и палки употреби солзавец и тргна да го расчисти плоштадот. Уапсени беа над 200 луѓе, а меѓу стотиците повредени има и полицајци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе