Вести Свет Топ вести

Пожар во зградата на руската тајна служба во Ростов, медиумите јавуваат дека има и жртви

Најмалку едно лице загина во голем пожар кој изби во зградата на руската Федерална служба за безбедност во Ростов, јавуваат руските медиуми. Според информациите на Киев пост во пожарот има и поголем број повредени лица. Гувернерот на Ростов, Василиј Голубев изјави дека пожарот најверојатно настанал од електрична исталација иако на социјалните прежи кружат информација дека пред да се случи инцидентот се слушнала и експлозија. Ростов е на околу 120 километри од границата со Украина, а на првите снимки од тој град се гледа голем пламен кој ја зафатил зградата на руската тајна служба. Возила на итната помош се на местото на настанот… На социјалните мрежи луѓето споделуваат видеа од пожарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе