Вести Свет Топ вести

Руски борбен авион собори беспилотно летало на американското воено воздухопловство над Црното Море

Руски борбен авион утринава собори беспилотно летало на американското воено воздухопловство над Црното Море, откако го оштети пропелерот на американскиот дрон MQ-9 Reaper, изјави американски воен претставник.

Беспилотно летало Reaper и два авиони SU-27 Flanker летале над меѓународните води над Црното Море кога еден од руските авиони намерно летал пред дронот и фрлил гориво пред него.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека американскиот претседател Џо Бајден бил информиран за инцидентот од советникот за национална безбедност Џек Саливан.

„Околу седум часот, еден од руските авиони Су-27 го погоди пропелерот на МК-9, поради што американските сили мораа да го соборат МК-9 во меѓународни води. Неколку пати пред судирот, Су-27 фрли гориво и леташе пред МК-9 на несовесен, еколошки нездрав и непрофесионален начин. Овој инцидент, покажува и недостаток на компетентност, покрај тоа што е небезбеден и непрофесионален”, изјави генералот на американските воздухопловни сили Џејмс Б. Хекер, командант на воздухопловните сили на САД за Европа и Африка.

Европската команда на САД во соопштението рече дека два руски борбени авиони Су-27 „спроведоа небезбедно и непрофесионално пресретнување“ на американско беспилотно летало MQ-9 кое дејствуваше во меѓународниот воздушен простор над Црното Море. Нема реакција од Москва, која постојано изразува загриженост за летовите на американските разузнавачки служби во близина на полуостровот Крим, кој Русија незаконски го анектираше од Украина во 2014 година.

Руски и американски авиони летаа над Црното Море за време на војната, но ова е прва позната таква интеракција, која беше потенцијално опасна и можеше да ескалира во критичен момент од борбите, пишува Си-Ен-Ен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Надзорните камери придонесоа за намалување на сообраќајните прекршоци, истиот ефект се очекува и од Сејф сити

Дејан Дејан

Пелагониското село Мусинци на летните горештини со денови се без вода, резервоарот е празен, а на дното мртви влекачи и кал

Дејан Дејан

Се чекаат понудите за брзата пруга Табановце – Гевгелија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе