Вести Свет Топ вести

Лајчак: Ако нема ЗСО, нема да има ни договор меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во интервју за емисијата „Око“ на РТС, што ќе се емитува вечерва, зборуваше за предусловите за спроведување на европскиот план и спомена дека формирањето на Заедницата на српските општини е  главниот предуслов.

Лајчак кажа дека доколку го погледнете предлогот на ЕУ, тој зборува за нормализација, а не за некаква капитулација.

Тој во неколку наврати повтори дека Заедницата на српските општини мора да се формира и подвлече дека „доколку нема ЗСО, нема ни договор“.

-Целта, вели Лајчак, не е некој да победи или да загуби. Целта е да се бара вин-вин ситуација и да се отвори европската врата.

Средбата во Охрид, напоменува, има за цел да се договориме за исполнување на договорот, што има таква поддршка од ЕУ што, како што нагласи, не се памети во минатото.

Специјалниот пратеник од вчера е во Белград, а денеска ќе ги продолжи разговорите со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самоубиствен напад во пакистан, најмалку 16 загинати војници

Дејан Дејан

СЗО: Најмалку 112 палестински деца дневно завршуваат во болниците во Газа поради неухранетост

Дејан Дејан

Српскиот претседател предвидува инциденти на денешните протести во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе