Вести Свет Топ вести

Европскиот совет со зелено светло за визна либерализација на Косово

Европскиот совет (ЕС) даде зелено светло за визна либерализација за граѓаните на Косово. Како што е наведено во соопштението на ЕС, ставот е усвоен на прво читање за патување без визи на носители на пасоши што ги издаваат косовските власти.

Тоа ќе им овозможи на граѓаните на Косово да патуваат во Европската унија (ЕУ) без визи за период од 90 дена во било кој 180-дневен период, се додава во соопштението на ЕС.

Одлуката ќе стапи во сила штом почне со работа европскиот систем за патни информации и авторизација или од 1 јануари во 2024 година.

Ваквата одлука на ЕС сега треба да ја усвои Европскиот парламент пред да потпишана и објавена во Службен весник на ЕУ.

„Косово вложи огромен труд да ја подобри безбедноста и управувањето со миграции и да се усогласи со визната политика на ЕУ. Се надеваме дека соработката во тие полиња ќе продолжи да биде плодна“, рече шведската министерка за миграции, Марија Малмер Стенергард.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц не сака повторно отварање на гасоводот „Северен тек 2“

Дејан Дејан

Алиу: Мој термин ќе добие јасно дефинирани протоколи за упатување на пациенти кај стручни медицински лица

Дејан Дејан

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе