Вести Свет Топ вести

Пукање во Лос Анџелес – тројца полицајци повредени, напаѓачот ликвидиран

Тројца полицајци се повредени во пукање во Лос Анџелес, додека напаѓачот, според медиумите во САД, е ликвидиран. Полициските службеници, во време на инцидентот, вршеле увид во квартот Линколн Хајтс, кога осомничениот, поради кого излегле на терен, отворил оган врз нив.

Ранетите полицајци се итно хоспитализирани, а напаѓачот подоцна бил лоциран од нивни колеги и убиен.

„Болничките извештаи покажуваат дека тројцата ранети полицајци се наоѓаат во стабилна состојба“, твитна шефот на полицијата на Лос Анџелес, Мичел Мур.

Според „Си-Би-Ес Њуз Лос Анџелес“, еден од полицајците е погоден во пределот на стомакот, а другите двајца имаат прострелни рани на екстремитетите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовска – Македонија е трусно подрачје, дивоградбите во Чаир се опасни

Дејан Дејан

Германската влада го забрзува процесот на купување оружје и опрема

Дејан Дејан

Конститутивната седница на косовското Собрание прекината по 39-ти пат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе