Вести Свет Топ вести

(ВИДЕО) Бомбаш самоубиец уби десет лица во Пакистан, во инцидентот има многу повредени

Бомбаш самоубиец со мотоцикл удрил во полициски камион во југозапен Пакистан, при што загинале најмалку 10 полицајци, а ранети се 12 во еден од најсмртоносните напади врз безбедносните сили во последните месеци, соопштија властите.

Никој веднаш не ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад, кој се случи на мостот во областа Сиби во провинцијата Балучистан, но сепаратистите на Балучи и локалните милитанти беа обвинети за претходните такви напади.

Махмуд Нотензаи, началник на локалната полиција, рече дека полицајците биле во рутинска патрола кога се случил нападот, при што првично биле убиени деветмина. Жртвите се пренесени во блиската болница, каде што подоцна почина еден од тешко ранетите полицајци, додаде тој.

Сиби е на околу 150 километри источно од Квета, главниот град на провинцијата. Белуџистан долго време се бори со бунтот од страна на Ослободителната војска на Балуџистан и другите мали сепаратистички групи кои бараат независност од централната влада во Исламабад.

Властите тврдат дека го задушиле бунтот, но насилството продолжува.

Според информациите на властите во Пакистан во провинцијата делуваат милитанти од пакистанските талибанци но и од групата Исламска држава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одложено судењето на Нетанјаху поради дипломатски и безбедносни причини

Дејан Дејан

Орбан го обвини Брисел за „одвратната“ Парада на гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Рекордно високи температури во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе