Вести Свет Топ вести

Постигнат историски договор – третина од светските мориња добиваат заштитен статус

Повеќе од сто држави постигнаа историски договор за заштита на светските мориња. Според договорот, 30 отсто од водната површина на земјата ќе добијат заштитен статус до 2030-та година, со цел да се сочува и опорави екосистемот во нив.

Во новите заштитени подрачја ќе биде ограничен ловот, ќе се одредат патеките по кои бродовите ќе смеат да се движат, како и длабинско дупчење од  морското дно од 200 метри. Договорот е постигнат по маратонската седница во ОН, која траеше 38 часа. Преговорите траеа десет години затоа што членките не можеа да се договорат околу финансирањето, а камен на сопнување беа и квотите и правата за рибарење.

Со последниот меѓународен договор заштитена беше само 1,2 отсто од морската површина, поради што најмногу трпеше морскиот живот. Според последните проценки на морскиот екосистем, речиси 10 проценти од животинските и растителни видови се во ризик од изумирање.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар близу границата со Грција, се слуша пукање на муниција, опсаност и од неиспукани гранати

Дејан Дејан

Ангела Меркел ја критикува политиката на германската Влада кон барателите на азил

Дејан Дејан

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе