Вести Свет

Нови протести во Атина по железничката несреќа во која загинаа 57

Граѓани повторно излегоа на улиците на грчката престолнина протестирајќи поради стравичната железничка несреќа во која животот го загубија дури 57 лица.

Демонстрантите носеа бели балони во чест на жртвите или парчиња црна ткаенина и со црвена боја пишуваа пораки на тротоарите и зградите.

Спасувачките тимови трет ден по ред ги пребаруваат остатоците по судирот на патничкиот воз од Атина за Солун со товарен воз во близина на Лариса. Патничкиот воз превезувал 350 патници, најголемиот дел од нив студенти, кои се враќале во Солун по продолжениот празничен викенд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе