Грчкиот медиум Прототема ја објави снимката од тешката железничка несреќа која доцна синоќа се случи во Грција и во која загинаа 43 главно помлади луѓе.
На снимката од безбедносните камери се гледа дека двата воза се движат по иста пруга еден кон друг и по првиот контакт се палат жиците за струја над колосекот по што голем пожар се шири низ вагоните на двете железнички композиции.
По несреќата оставка поднесе ресорниот министер Караманлис, а вработен во железницата е уапсен поради сомнеж дека погрешно ги насочил возовите.
Доцна вечерва имаше и протести во Атина со барање за поголема одговорност на повисоките структури во железницата и во владините надлежни институции. На протестите имаше и инциденти.
Насилни протести во Атина по железничката несреќа со 45 загинати