Вести Свет

„ТикТок“ воведува ограничување на времето за малолетниците, американскиот Конгрес против кинеската мобилна апликација

„ТикТок“ воведува временско ограничување на 60 минути дневно на апликацијата за сите кои имаат помалку од 18 години. Како што наведува „Би-Би-Си“, ако малолетниците дојдат до тој лимит, ќе мора да внесат шифра за да продолжат со користење.

Сепак, постои опција за избегнување на новата мерка што од „ТикТок“ порачаа дека ќе ја претстават во наредните денови. Кинеската компанија во чија сопственост е „ТикТок“ сооошти дека оваа опција се воведува за да им помогне на луѓето да контролираат колку време минуваат на популарната апликација.

Според правилата на платформата, секој корисник мора да има најмалку 13 години, а сите под 18 години ќе добиваат неделни известувања за времето што го минале на „ТикТок“.

Родителите кои користат некоја од опциите за контрола, ќе можат самите да го наместат временското ограничување.

Американскиот Конгрес против „ТикТок“

Членовите на американскиот Конгрес разгледуваат нацрт закон кој нма претседателот би му дал овластување за забрана на кинеските мобилни апликации, вклучувајќи го и „ТикТок“.

Истовремено, новоформираниот одбор на Конгресот на САД одржа сослушување за, како што е наведено, заканата од Комунистичката партија на Кина кон САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кондратовиќ: ЕУ-проширување кон западен Балкан- моќна алатка против руските влијанија

Дејан Дејан

Арсовска до Рокас: Во секоја држава има мафија само во Македонија мафијата си има своја држава

Дејан Дејан

Тошковски: Две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе