Вести Свет Топ вести

Русија ќе објави дека го зазела Бахмут на годишнината од војната во Украина, без оглед на фактите на теренот, објави британското разузнавање

Војната во Украина денеска влезе во својот 361 ден. Продолжуваат жестоките борби за Бахмут. Претседателот на Украина Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина ќе го брани тој град, но не по секоја цена. Тој извести и дека состојбата во Угљедар е тешка. Американскиот претседател Џо Бајден утре ќе пристигне во Полска, неколку дена пред годишнината од почетокот на војната.

Британското Министерство за одбрана во утринскиот извештај на своето воено разузнавање објави дека Русија ќе изјави дека го заробила Бахмут на годишнината од почетокот на војната, без оглед на фактите на теренот.

Во извештајот се наведува дека руските сили продолжуваат со повеќекратните офанзивни операции во источна Украина, вклучувајќи ги и нападите врз градовите Угљедар, Кремина и Бахмут. Сепак, тие трпат огромни загуби, според британските разузнавачи.

Британското Министерство за одбрана тврди дека како што се приближува првата годишнина од војната (24 февруари), руските сили ќе бидат под зголемен притисок да покажат напредок пред нивните претпоставени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе