Вести Свет Топ вести

Путин: Се зголемува бројот на русите кои сакаат да усвојуват дечиња од воени региони

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека бројот на Русите кои се подготвени да присвојат дечиња од анексираните региони во Украина се зголемува.

Зборувајќи со претседателската комесарка за детски права Марија Лвова – Белова, Путин изјави дека барањата за посвојување дечиња кои ги загубиле родителите во војната во Украина се зголемува.

  • Бројот на барања од нашите граѓани за присвојување на деца од регионите на  Доњецк, Луганск, Херсон, Запорожнија, се зголемува. Вашата комисија се занимаваше со ова прашање многу долго време, речиси 9 години. Трагедијата која се случува во Донбас има последици на нашите млади деца, за жал, тоа е вистина веќе цели 8 години, од почетокот на страотната агресија во Донбас против нашиот народ. Секако дека децата страдаа, изјави Путин. 

Четирите украински провинции, Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожнија беа анексирани од Русија во септември.

Путин ги поздрави предлозите за поддршка на семејствата чии припадници учествувале во специјалната воена операција во Украина, вклучувајќи ги и резервистите.

Претседателот изјави дека тие вршеле света должност за татковината и треба да добијат социјални гаранции и други заштитни мерки.

Од друга страна, Украинската страна тврди дека руските сили присилно раселиле најмалку 6 000 украински дечиња во кампови и локации ширум Русија, за како што се тврди, присилни усвојувања па дури и воена обука.

Во извештајот од 35 страници се тврди дека ваквото киднапирање на децата може да се смета за злосторства против човештвото. Според извештајот, овие деца од Украина се изложувале на руска академска, културна, патриотска и воена едукација, со очигледна цел да ги интегрираат децата од Украина во на Руската визија за заедничка национална култура и историја. Иако факт е дека најголем дел од децата за кои се зборува во извештајот дека биле киднапирани, се од регионите кои и онаку важеа за про-руски региони.

 

Никола Илиевски

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Доброшинци без вода во летните горештини

Дејан Дејан

Велосипедските патеки од 500 илјади евра ги поделија битолчани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе