Вести Свет

Најмалку 20 џихадисти побегнаа од затвор во Сирија по разорниот земјотрес

Најмалку 20 лица, за кои се верува дека се џихадисти, побегнаа од затвор во Сирија по вчерашните силни земјотреси на северозападот на земјата, на границата со Турција, изјави извор за агенцијата „Франс прес“.

Околу 2.000 затвореници издржуваат казна во затвор во градот Рајо, во близина на турската граница, од кои за 1.300 има сомнежи дека се борци на Исламска држава, рече службеник во затворот.

Во затворот, исто така, има и борци на курдските сили.

Земјотресот со магнитуда од 7,8 степени според Рихтеровата скала, по кој следуваа десетици афтершокови во регионот, предизвика штети во објектот, вклучувајќи пукање на ѕидови и врати.

„Затворениците почнаа да се бунтуваат и презедоа контрола врз делови од затворот. Околу 20 затвореници побегнаа, за кои се верува дека се милитанти на Исламска држава“, додаде службеник во затворот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе